Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалСлавниот фудбалер влезе во тренерските води!

Славниот фудбалер влезе во тренерските води!

Поранешната австралиска фудбалска ѕвезда Хари Кјуел одлучи да влезе во тренерските води, а првата сениорска работа ќе ја има во Англискиот нисколигаш Кроули Таун.

Кјуел помина две сезони како тренер на младите во Ватфорд, со кого се збогуваше минатиот месец. Асистентот ќе биде 38-годишниот Ворен Фини, поранешен тренер на Њупорт.

Директорот на Кроули Селим Гејгусуз изјави за официјалниот сајт на клубот дека во текот на преговорите Кјуел покажал високо ниво на страст и желба за работа, а тоа е токму она што му е потребно на клубот за да изгледаат подобро во новата сезона.

Хари Кјуел е во пензија како играч од 2014 година а кариерата ја заврши во Мелбурн Австралија, постигнувајќи 124 гола во 515 натпревари во неговата кариера, играјќи за Лидс, Ливерпул, Галатасарај и Ал Гарафа,