Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаРечиси 100.000 Македонци живеат во Австралија

Речиси 100.000 Македонци живеат во Австралија

Бројот на Македонците во Австралија во последните пет години се зголемил за околу 5.000 лица, покажуваат најновите статистички податоци на австралиското Биро за статистика.

Според денеска објавените податоци од минатогодишниот попис во Австралија, 98.441 лице одговориле дека имаат македонско потекло, додека според претходниот попис, спроведен во 2011 година, така се изјасниле 93.570 лица.

Сепак, според овие податоци, намален е бројот на Македонците во Австралија кои дома зборуваат на македонски јазик. Според најновите податоци, 66.019 лица одговориле дека дома го зборуваат македонскиот јазик, додека според пописот во 2011 година, нивниот број бил 68.849 лица.

На минатогодишниот попис, 38.985 лица одговориле дека се родени во Република Македонија, додека на пописот во 2011 година оваа бројка изнесувала 40.222 лица.