Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСкопјани на протест побараа чист воздух

Скопјани на протест побараа чист воздух

Стотина граѓани денес одржаа мирен протест за превземање на итни мерки за загадувањето на воздухот кое подолго време е неколку пати над дозволеното, но нема реална акција за подобрување на состојбата ниту идеја како да се реши овој огромен проблем од кој се загрозени сите жители на Скопје. Граѓаните се појавија на протестот во мал број организирани самостојно преку социјалните мрежи и се надеваат дека со поголема масовност ќе се изврши позначаен притисок врз властите. protest zagaden vozduh1Главните пораки беа испратени пред кабинетот на градоначалникот на Скопје Коце Трајановски за намалување на индустриското загадување, спречување на дополнителна сеча на дрва и примена на поевтин јавен превоз во критичните денови.

Фото: nova.tv