Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАСветСилна експлозија на Филипини, најмалку 10 загинати и 60 повредени

Силна експлозија на Филипини, најмалку 10 загинати и 60 повредени

Најмалку 10 луѓе загинаа, а 60 се повредени во експлозија на пазар во филипинскиот град Давао.

– Нејасна е причината за експлозијата на пазарот во Давао, што е на 960 километри јужно од Манила – изјави Ернесто Абела, портпарол на филипинскиот претседател.

Полициски извори наведуваат дека причина за експлозијата највероајтно е бомба.

Експлозијата се случи неколку дена откако терористичката група Абу Сајаф се закани со напади по воената офанзива против нив на јужниот остров Јоло.

МИА