Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаШиповиќ се повлече од претседателската функција во Советот на Општина Центар

Шиповиќ се повлече од претседателската функција во Советот на Општина Центар

Претседавачот на Советот на скопската Општина Центар Мирослав Шиповиќ денеска поднесе оставка од функцијата, јавува „СДК“.

Во образложението на оставката Шиповиќ, кој е член на СДСМ , има наведено дека ја дава од лични причини. Тој дава оставка само од функцијата претседавач, а останува советник.

„Шиповиќ си даде оставка од функцијата. За утре во 15 часот е закажана седница на која тој треба да ги образложи причините за оставката, а и да се почне процедурата за избор на нов претседавач на општинскиот Совет“, изјавија од Општина Центар.

Мирослав Шиповиќ во февруари 2014 е обвинет во случајот „Претседавач“, како член на раководството на фирмата „Машинопромет“.

Шиповиќ и уште 11 други лица беа обвинети дека како членови на управниот и надзорниот орган на „Машинопромет“ или сопственици на други фирми направиле злоупотреба на службена положба и овластување и помогање при што направале штета од еден милион евра. По Шиповиќ министерството за внатрешни работи имаше меѓународна потерница и беше уапсен на виенскиот аеродром, па екстрадиран во Скопје.