Saturday, May 4, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаШарената револуција по девети пат ги започна протестите пред СЈО

Шарената револуција по девети пат ги започна протестите пред СЈО

После пладне или точно во 6 часот, демонстрантите ги започнуваат протестите за аболицијата која сакаат нормално да биде укината. Изреволтирани на секој протест демонстрантите со нови пароли и во се поголем број се собираат пред канцеларијата на Специјалното Јавно Обвинителство

На денешниот протест се забележани Љубомир Фрчковски – професор на правниот факултет и Јани Макрадули, што значи дека не само обичниот човек протестира.

„Оставка“, „не ве амнестираме“, „став наместо страв“, „Еднаквост, правда, слобода“ се зборовите кои се изговараат и се напишани на паролите, а секој трет човек со дигнати раце и свирче во уста покажува дека сака правда и мир.
Ова е девети по ред протест кој се одржува по улиците на Град Скопје. Секогаш започнува пред СЈО, подоцна демонстрантите се упатуваат кон Собранието на Македонија, и на крај се завршува пред Влада на Република Македонија. Изреволтираната толпа на народ исто така ги посети Министерството за култура и зградата каде што работи Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, двете беа обоени од страна на шарената револуција, како и Порта Македонија.