Friday, Apr 26, 2024
HomeГИГА БАЈТПЦШампионите во Дота 2 освоија милиони!

Шампионите во Дота 2 освоија милиони!

Огромна бројка на тимови од 5 луѓе се натпреваруваа во годинешниот интернационален Дота 2 турнир.  Од волшебници до чудовишта разменуваа виртуелни „тупаници“ борејќи се на главниот настан на интернационалниот Дота 2 турнир одржан во Сиетл, Америка.

Во саботното финале еден тим од 5 луѓе си замина со милион и нешто „ситно“ по човек, вклучувајки го и 16 годишниот Сумаил од Пакистан.

sumail

Ова е 5-ти интернационален турнир во Дота 2 кој во 2011 година изнесуваше 1 милион долари, додека оваа година наградниот фонд достигна неверојатни 18 милиони долари.  Секоја година арените се преполни, во просек по 17000 публика го следи во живо овој турнир, а над половина милион луѓе го следат онлајн преку видео стримовите на твич.тв.

Фанови облечени како нивните омилени херои трчаа низ салата извикувајки „Evil Geniuses“, додека тие ја осигуруваа победата во саботното финале! ЕГ со оваа победа освои 6,6 милиони долари! ЕГ е Американски тим предводен од 16 годишниот Суед Сумаил Хасан кој се пресели од Пакистан во Илиноис за да ги оствари своите соништа! „Тоа ми значи се во животот“ изјави младиот гејмер.