Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСветПочнува аџилакот, милиони муслимани се упатија кон Мека

Почнува аџилакот, милиони муслимани се упатија кон Мека

Почнува аџилакот во Мека. Милиони муслимани од разни земји се упатуваат кон светиот град во Саудиска Арабија, за извршување серија ритуали и молитви за чистење на гревовите. Според Исламот, сите муслимани барем еднаш во животот треба да извршат аџилак – еден од петте основни столба на муслиманската религија. Годинава аџилакот ќе трае до 14 септември.

Аџилакот започнува во Мека, пред верниците да продолжат кон долината Мина, на неколку километри на исток, каде е поставен голем град под шатори. Главен момент е поклонување со молитви на ридот Арафат. Верниците носат едноставна бела облека позната како – ихрам, бидејќи аџилакот промовира еднаквост и скромност.
meka-mina-adzilak
Саудиска Арабија годинава мобилизира над 100.000 полицајци, што ќе се грижат за безбедноста за време на аџилакот. Изминативе години се случиле повеќе смртоносни стампеда за време на аџилакот, кога огромен број луѓе се собираат на петдневниот настан. Најтешката катастрофа се случи во 1990-та година кога во стампедо во тунел во Мина загинаа преку 1.400 лица. Во стампеда во 1994, 2004 и 2006-та година животот го загубија преку 200 аџии.
Over 450 dead 700 wounded in stampede duuring Hajj in Mecca