Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионСанадер осуден на 4 и пол години затвор и треба да врати 2,2 милиони евра

Санадер осуден на 4 и пол години затвор и треба да врати 2,2 милиони евра

Судот во Загреб, по четиригодишен процес, го осуди поранешниот премиер на Хрватска, Иво Санадер, на четири и пол години затвор за примање 2,2 милиони евра мито во случајот „Планинска“ – пренесува Макфакс.

Санадер ќе остане на слобода се додека пресудата стане правосилна, бидејќи е осуден на казна помала од пет години затвор. Поранешниот премиер ќе мора да врати два милиони евра во буџетот во рок од 15 дена од правосилноста на пресудата. По излегување од судот, Иво Санадер, изјави дека и оваа пресуда, како и претходните две се базира исклучиво на лажни сведоци на УСКОК (Посебно државно обвинителство за борба против корупцијата и организираниот криминал).

Санадер се бранеше негирајќи ја вината дека незаконски искеширал милиони евра од препродажбата на станови во улицата „Планинска“ во Загреб, но вината ја призна вториот обвинет Стјепан Фиолиќ. Фиолоќ и Младен Млинаревиќ се прогласини за виновни во истиот случај и се осудени на по една година затвор, која се заменува со општокорисна работа. Фиолиќ во истрагата потврди дека зградата е продадена по повисока цена, а 2,2 милиони евра му ги предал на Санадер во кеш во 2009 година во неговата куќа.