Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионСеверина во први редови на парадата на гордоста во Загреб

Северина во први редови на парадата на гордоста во Загреб

Овогодишната петнаесетта Парада на гордоста на ЛГБТ популацијата и нивните семејства беше под слоганот “Уште Хрватска не пропадна“ и “За одбрана на изборените слободи за сите нас“. Според хрватските медиуми, парадата тргна од плоштадот Франклин Рувелт, низ центарот на Загреб, кон паркот Рибњак.

Парадата ја поддржаа многу познати личности, меѓу кои и Северина. „Ние како мнозинство, мора да го поддржиме малцинството“, рече таа.

Организаторите во соопштението наведоа дека парадата оваа година се организира во „екот на нападите“ на изборените човекови права и слободи, со оглед дека постои закана постигнатите придобивки за прифаќање на ЛГБТ популацијата да се обезвреднат или да се поништат.