Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЛондон тајмс: Русија бара од Груевски да возврати за досегашната поддршка

Лондон тајмс: Русија бара од Груевски да возврати за досегашната поддршка

Доскорешната Влада предводена од ВМРО- ДПМНЕ се соочувала со директен притисок од Русија да се откаже од влијанието на ЕУ и САД, во спротивно ќе сносела последици – пишува лондонскиот „The Sunday Times“.

Поради растечката амбиција на Русија кон Балканот, како што пишува весникот, рускиот амбасадор, Олег Шчербак до македонската Влада ги доставил барањата на Кремљ – Македонија да се сврти кон Русија. Барањата пристигнале само две недели пред крвавиот инцидент во Собранието.

„Москва јавно го поддржуваше 11 годишното владеење на ВМРО- ДПМНЕ, која одбиваше да ја предаде власта на опозицијата предводена од СДСМ. Кремљ исто така застана во одбрана на напаѓачите во Собранието. Руските дипломати од нивниот домаќин Никола Груевски, за кој се уште се верува дека ги држи сите конци, барале Македонија да одговори реципрочно на поддршката и да постави проруски курс“ – пишува весникот.

Повикувајќи се на извори присутни на средбите помеѓу руските дипломати и Груевски, весникот пишува дека доколку Македонија не се сврти кон Русија ѝ се заканува забрана за извоз на земјоделски производи.

„Доколку тоа не се случи, Русите предупредиле – можна е забрана за извоз на македонски земјоделски производи во Русија, што ќе биде штетно за земјата која е една од најсиромашните во Европа“ – заклучува весникот.

Рускиот амбасадор на ЕУ, Владимир Чизов ги оправдал руските интереси кон Балканот, велејќи дека со тоа Македонија добива алтернатива за евро- атлантсите интеграции.

„Западот нема монопол на вредности“ – изјавил тој на средба со новинари.

Македонскиот министер за надворешни работи во заминување, Никола Поповски, на ова кусо одговорил дека таквите претензии се легитимни.

„Русија може да си има сопствени интереси, тоа е легитимно“ – изјавил Поповски.

Русија ги зачести своите активности на Балканот откако почувствува вакум во влијанието од западот – коментираат британски и европски дипломати. Тие велат дека Русија, за да го зајакне своето влијание на Балканот, ја користи преоукипраноста на ЕУ со неколку кризи и тензиите во САД по изборот на новиот Претседател, Доналд Трамп.

Целата анализа на „The Sunday Times“, можете да ја прочитате овде.