Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалСент Етјен ја обвини УЕФА за случајот Хрватска

Сент Етјен ја обвини УЕФА за случајот Хрватска

Управат во Сент Етјен ја обвини УЕФА за нередите на навивачите за време на натрпеварот меѓу Хрватска и Чешка на Европското првенство. Од Сент Етјен сметаат дека УЕФА на стадионот „Жофроа Гишар“, за натпреварот меѓу Хрватска и Чешка одигран во петокот, во стадионот морало да присуствуваат од 150 до 200 редари за да го обезбедат стадионот. Хрватските навивачи во 86 минута го прекинаа натпреварот при водство на нивната репрезентација од 2:1.

Тие палеа огин и фрлаа предмети на теренот, поради што натпреварот беше прекинат на неколку минути, за потоа да настане меѓусебна тепачка на навивачите. Полицијата била принудена да интервенира на трибините, а навивачите се смириле откако тоа од нив го побарале фудбалерите на Хрватска. УЕФА започна дисциплинска постапка против Фудбалскиот сојуз на Хрватска поради овој инцидент.