Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаОдобрено обвинението за „Титаник 3“

Одобрено обвинението за „Титаник 3“

Советот за оценка на обвинителен акт при Кривичниот суд го одбори обвинението на Специјалното јавно обвинителство за предметот познат како „Титаник 3“.

Во овој случај СЈО ги обвини координаторот на пратеничката група на ДУИ, Ејуп Аљими, и Исмет Гури, член на Општинската изборна комисија за општина Чаир.

Двајцата се товарат за „уништување изборен материјал“ во случајот „Титаник 3“ на СЈО.

Името на судијата и датумот за почеток на судењето дополнително ќе бидат одредени.