Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСе случи и тоа чудо – Изборите одложени по многу инаетење

Се случи и тоа чудо – Изборите одложени по многу инаетење

Пратениците по иницијативата на ДУИ донесоа одлука да ги одложат изборите кои првично беа договорени на 24 април, а Собранието нема вечерва да се распушти, туку одложено на 60 дена пред распишувањето на изборите кои сега се презакажани, а како можен датум се предвидува 5 јуни. груевски gruevskiСпоред ВМРО-ДПМНЕ станува збор за „мало“ поместување иако партијата се закануваше кон сите критичари дека за било кој притисок станува збор за рушење на сувереноста на Македонија, за накрај самите да прифатат компромис и целосно почитување на сите предвидени реформи од договорот од Пржино. Никола Груевски на вечерната конференција посочи дека добил гаранции од меѓународната заедница дека ќе нема никакви нови одложувања и нови политички услови и му порача на Заев дека сега веќе нема каде да беа и ќе мора да се соочи со народот. zoran zaevОд СДСМ потенцираа дека Груевски е минато и повеќе не се прашува за ништо во државата и дека ова е за него уште еден голем и тежок пораз и дека јасно му е порачано дека државата не е спремна за фер и демократски избори на 24 април, датум кој френетично се бранеше изминатите десетина дена и не се прифаќаа никакви компромиси. Во наредните денови ќе мора да се пречисти избирачкиот список и да се воведат реформите во медиумите од кои сега ама баш нема простор за бегање.

Претходно европратениците се заканија дека ако се одржат изборите на 24 ЕУ нема да ги признае како легитимни. Ако ништо друго се избегна тешка криза во државата бидејќи се спремаа листи со „предавници“ од опозицијата кои наводно им слугуваат на странските дипломати, а само владејачката партија го брани интересот на македонскиот народ.