Wednesday, May 8, 2024
HomeСТУДЕНТУМСе доделуваат стипендии на млади истражувачи за краток студиски престој во Велика Британија

Се доделуваат стипендии на млади истражувачи за краток студиски престој во Велика Британија

Во тек е конкурс за доделување на 6 стипендии за млади истражувачи од Република Македонија, за кратки студиски престои во времетраење од 1 до 3 месеци на соодветни високо образовни и научно – истражувачки институции во Велика Британија, за 2016 година, информира МОН.  Британскиот фонд за стипендии ги покрива трошоците за сместување и храна (915 фунти месечно во Лондон, 800 фунти месечно за останатите градови).

Крајниот рок за аплицирање е 31 март 2016 година. За подетални информации посетете ги специјализираните интернет портали www.stipendii.mon.gov.mk и  www.britishscholarshiptrust.org.