Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМОН почна со подготовка на новиот закон за високо образование со фокус на реформите

МОН почна со подготовка на новиот закон за високо образование со фокус на реформите

Министерството за образование и наука (МОН) денеска почнува со подготовка на новиот закон за високо образование, кој е дел од реформските процеси на Владата.

Како што се наведува во известувањето за почеток на процесот за подготовка на законот за изменување и за дополнување на Законот за високото образование, целта на на овој закон се „суштински реформи во Законот за високото образование, од аспект на автономијата за високообразовните установи, наставно-научниот кадар, квалитетот, финансирањето и студиските програми“.

Текстот на новиот закон за високо образование треба да биде готов до 14 ноември оваа година.

МОН од денеска, исто така, почнува и со подготовка на измените и дополнувањата во законите за основно и за средно образование, како и во Законот за учебници за основно и средно образование.

„Целта на законот за изменување и дополнување на законите за основното образование и за средното образование е подобрување на воспитно-образовниот процес во основните училишта, подобрување на условите за работа на наставниот и друг кадар во училиштата, поедноставување на одредени административни процедури, подобрување на начинот на водењето педагошката евиденција и документација, како и други реформи, а заради генерално зголемување на квалитетот на основното образование“, стои во известувањето.

Рокот до кога треба да бидат подготвени новите решенија во овие три закони е, исто така, 14 ноември.