Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаСамо што почна седницата за разрешувањето на Зврлевски, ВМРО-ДПМНЕ побара пауза

Само што почна седницата за разрешувањето на Зврлевски, ВМРО-ДПМНЕ побара пауза

Разрешувањето на јавниот обвинител Марко Зврлевски конечно дојде на дневен ред во Собранието, но по почетокот на седницата Драган Данев, координатор на една од десетте пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ, побара пауза.

Паузата е побарана веднаш по говорот на заменик министерот за правда, Оливер Ристовски, кој образложи зошто Владата бара разрешување на Зврлевски, со образложение пратениците да можат да го добијат и разгледаат објаснувањето на заменик министерот.

Ристовски, посочи дека барањето е со цел враќање на правната држава и оти обвинителот не си ја вршел доследно и совесно својата дејност.

Седницата треба да продолжи во 12.30 часот.