Friday, Apr 26, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈАДосие XСакате полесно да ги решaвате проблемите? Пешачете повеќе!

Сакате полесно да ги решaвате проблемите? Пешачете повеќе!

Пешачењето може да ве поттикне да размислувате креативно, сугерира истражувањето спроведено од страна на американскиот универзитет Санта Клара.

Десетици студенти биле дел од тестирањето во две фази, додека седеле и додека оделе на подвижна лента. Резултатите покажале дека одењето било поврзано со поголема снаодливост во ситуациите во кои било можно да се понудат повеќе решенија за одреден проблем. Наспроти нив, испитаниците биле поефикасни при решавање на проблемите кои имале само едно решение.

Се уште не е точно одредена причината поради која пешачењето може да допринесе на креативноста и се планираат дополнителни истражувања за да се утврди дали можат и други телесни активности со низок интензитет да имаат сличен ефект на умот.