Wednesday, May 8, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаРоботите ќе ги заменат дилерите во казината

Роботите ќе ги заменат дилерите во казината

Кинеската компанија Paradise Entertainment го претстави првиот модел на робот кој треба да ги замени дилерите на карти во казиното со што коцкарската индустрија ќе има огромни заштеди на трошоците за плаќање на работната сила. Доколку роботската технологија се усоврши тогаш се намалува можноста за човечка грешка и се привлекуваат играчи на среќа кои се почетници и полесно им е да се справат со технолошка пречка ако загубат или се посрамотат отколку со реална личност.

min robot kazino

Трендот во Северна Америка покажува дека голем број на казина се повеќе користат електронски табли и машини за карти и други игри на среќа и некогаш добро платената дилерска професија полека исчезнува.

Азија можеби ќе го снабди остатокот од светот со роботи со „среќна“ рака, но затоа пак на нејзина територија коцкарите сакаат гласен амбиент, сакаат интеракција меѓу себе и меѓу дилерите на карти, привлекуваат внимание со гласното викање и обложување, па затоа нема да им требаат роботи во блиско време.