Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаВо Тетово откриен објект за нелегално спроведување игри на среќа

Во Тетово откриен објект за нелегално спроведување игри на среќа

Објект без фирма каде имало сомненија дека нелегално се приредувале игри на среќа бил контролиран изминатата ноќ од полицијата во рамките за откривање и законско санкционирање на ваквите активности, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според неговите податоци контролата била спроведена изминатата ноќ во периодот од 21 до 23 часот и 30 минути во објект на улицата Илинденска во Тетово. При тоа внатре бил затекнат А.А.(21) од Тетово кој бил вработен тука. Од објектот биле одземени седум телевизори, два бар код читачи, два мали и еден голем печатач, три монитори, три мауси и четири далечински управувачи.

А.А. бил приведен во полиција и по обавениот разговор бил пуштен и по целосно расчистување на случајот против сопственикот на објектот ќе следува соодветна пријава, најави Јосифовски.

При акциските контроли на полицијата дел од нив спроведени и заедно со УЈП и пазарната инспекција во Тетовско досега годинава откриени се дваесеттина објекти во кои нелегално се приредувале игри на среќа.