Friday, May 3, 2024
HomeUncategorizedРазрешувањето на Зврлевски повторно пред пратениците

Разрешувањето на Зврлевски повторно пред пратениците

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи расправата за разрешувањето на јавниот обвинител Марко Зврлески.

Владата поднесе предлог за разрешување на Зврлевски поради, како што се наведува во образложението, незаконско, ненавремено и недоволно стручно вршење на функцијата.

Во документот стои и дека Зврлевски со своето однесување и дејствување покажал дека не е способен за извршување на функцијата и дека го нарушува нејзиниот углед.

На расправата во понеделникот излагања имаа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Тие го повторија ставот дека барањето за разрешување на Зврлевски е незаконско и спротивно на Деловникот, како и дека претставува политичка хајка.

Од СДСМ порачаа дека без да си оди Зврлевски од функцијата јавен обвинител, вистинските реформи во судството не може да почнат.