Wednesday, May 8, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаРазрешувањето на Зврлевски поместено понапред на собраниската седница

Разрешувањето на Зврлевски поместено понапред на собраниската седница

Пратениците на Собранието на Република Македонија го усвоија дневниот ред на 6. седница и решија барањето на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски, да биде петта наместо 30. точка на дневниот ред, пишува „Мета“.

Зврлевски до паузата не се појави во собраниската сала. Тој има право да им се обрати на пратениците.

Претходно пратениците одбија два предлога на опозицијата за законски измени по брза постапка. Првиот на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, на седницата да биде ставена точката Собранието по скратена постапка да донесе закон со кој се предвидува опозицијата да го предлага јавниот обвинител и тој да се избира со двотретинско, наместо со просто мнозинство беше отфрлен со мнозинство гласови.

Собранието го одби и предлогот на опозицијата за измени по брза постапка во Законот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, поднесен од ВМРО-ДПМНЕ, со кои се предвидува веднаш да се укине радиодифузната такса.