Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДиректор со лажна диплома со години вршел високи функции

Директор со лажна диплома со години вршел високи функции

Директор со години доаѓал до високи позиции и во јавни претпријатија и во приватни компании. Станува збор за П.Д кој се сомничи дека прикажувал фалсификувана диплома за високо образование наводно стекната на Софискиот универзитет Свети Климент Охридски, а издадена од Факултетот за туризам и угостителство од Охрид.

petre damceski

Јавното обвинителство против П.Д има поднесено предлог за казнен налог и е обвинет за „Употреба на исправа со невистинита содржина“ од чл.380 ст.1 в.в со чл.45 од Кривичниот Законик.

predlog kaznen nalog

Тој од 2009-та до 2016 година како доказ во правниот сообраќај пред правното лице Албсиг ја користел лажната исправа и врз основа на истата склучил договор за вработување.

П.Д иако знаел дека дипломата е неважечка склучил договор за вработување со Албсиг со што ја довел во заблуда осигурителната компанија, стои во обвинението.

Судот треба сега да одлучува дали лицето ги довело во заблуда работодавците и дали им причинил штета со тоа.

lazna diploma

Албсиг не е единствена компанија во која П.Д вршел висока функција. Тој има работено во повеќе јавни претпријатија каде го поминал работниот стаж во последните две децении меѓу кои „Републичкиот одбор на Црвен крст на Македонија, „Јавно претпријатие за јавни паркиралишта, Градски паркинг Скопје“ и други приватни компании, каде вршел високи функции, а постои основано сомнение дека во својата работна кариера пријавувал фалц диплома.

Тој последно ја извршуваше функцијата Оперативен Директор за Осигурување, Продажба и наплата на побарувања во компанијата за осигурување.