Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаРаспустот почна порано за учениците во Тетово

Распустот почна порано за учениците во Тетово

Загаденоста на воздухот во Тетово пред време го почна распустот. Од денеска прекинува наставата во сите основни и средни училишта, како и во градинките на подрачје на општина Тетово поради загадениот воздух.

Градоначалничката на Тетово Теута Арифи на денешната прес конференција изјави дека одлуката е донесена во соработка со Министерството за образование и наука.