Thursday, May 2, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионРама до опозицијата: Разбудете се, никогаш нема да има техничка влада

Рама до опозицијата: Разбудете се, никогаш нема да има техничка влада

Албанскиот премиер Еди Рама, на опозицијата и порача да се разбуди од сонот, зашто „никогаш нема да има техничка влада“, бидејќи Владата е избрана од граѓаните и таа ќе го продолжи легитимитетот се до последниот ден на мандатот. Тој додаде дека бара дијалог со опозицијата и искажа подготвеност да оди во шаторот каде што опозицијата протестира,нагласувајќи дека ни една закана на поранешниот лидер на демократите и екс премиер, Сали Бериша не ја плаши Социјалистичката партија.

– Една група политичари кои посакуваат власт се собраа во шатор. Исто така има една група судии кои не сакаат да се отстрани шаторот,бидејќи сакаат во заложништво да ја држат правдата.Тоа се странци … кои не сакаат да ја видат Албанија како држава,- посочи Рама.

Тој категорино и порача на опозицијата дека нема никогаш да дочека покана за техничка влада,ни пак покана за одлагање на јунските парламентарни избори.

– Ова не е криза на Албанија, туку криза на една политичка партија, која никогаш нема да дојде на власт. Ова е криза на едно политички изолирано село. Зборуваат за народна револуција без народ,- иронично порача Рама.

Опозицијата, на која вчера и беше 31-от ден од протестите, не се откажува од барањето за формирање техничка влада, која според неа, ќе спроведе слободни и фер избори.