Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАСветРадикалните исламисти убија 30 војници во Сомалија

Радикалните исламисти убија 30 војници во Сомалија

Исламистичката милитантна група Ал Шабаб изврши нов крвав напад врз воена база во Шабел регионот и тие тврдат дека убиле најмалку 30 војници и се уште имаат контрола. Сомалиски воени претставници не сакаат директно да разговараат со медиумите за официјалниот број на жртви, но потврдија дека нападот е сериозен, особено што во базата се вршеле и обуки на нови регрути.

somalija vojska

Ал Шабаб во Сомалија делува како продолжена рака на ал Каеда и има намера да го наметне Шеријатот во Јужна Африка. Сомалиската армија се наоѓа пред пораз од нападите на Ал Шабаб и засега последна надеж се трупите на Африканската Унија поддржани од ООН.