Friday, Apr 26, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈААтласПрвачиња во Сараево го научија знаковниот јазик поради глувонемо другарче

Првачиња во Сараево го научија знаковниот јазик поради глувонемо другарче

Цело одделение го научило знаковниот јазик поради едно дете. Другарчињата од едно одделение во Сараево направија неверојатна работа за шестгодишниот Зејда Чоралиќ од Сараево кој е глувонем. Кога неговата мајка го запишала во обично училиште, никој не можел да го разбере, а потоа учителката заедно со цело одделение го научиле неговиот јазик.

Неговата учителка Санела Љумановиќ ја добила идејата, а три месеци подоцна, првото одделение на основното училиште „Осман Накаш“ ги научило основите на знаковниот јазик. Самодовербата на малиот Зејда веднаш пораснала, пишува босанскиот портал fokus.ba. „Зејда се радува на секое одење во училиште и е среќен и мотивиран“, изјавила неговата мајка Мирзана Чоралиќ.

oddelenie1Неговите другари од одделението биле толку возбудени што го научиле знаковниот јазик што дури почнале да ги учат и своите родители. „Среќен сум што го учам јазикот на Зејда бидејќи на тој начин може да се комуницира со него но и со останатите глувонеми деца. Забавно е“, изјавил Тарик Шијариќ, еден од најдобрите другари на Зејда од училиштето.

Учителката на Зејда се надева дека знаковниот јазик ќе се воведе во наставниот план и програмата, бидејќи им помага на малите деца и на тој начин тие стануваат свесни што значи тој инвалидитет.