Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаДиректорот на неврохирургија наводно барал мито за лекување на 14-годишно дете

Директорот на неврохирургија наводно барал мито за лекување на 14-годишно дете

По информативниот разговор со првиот човек на неврохирургија, Aлександар Чапаровски, според неофицијални информации извршен е претрес во неговиот дом и неговата канцеларија. Во канцеларијата биле пронајдени 30.000 евра – велат извори од МВР за ТВ 24.

Оттаму додаваат дека се пронајдени уште 1.000 евра во канцеларијата и најверојатно станува збор за митото кое Чапаровски го побарал од таткото на 14 – годишното дете, кое требало да замине на лекување во странство, и за кое според родителите било побарано од родителите неколку илјади евра мито за упат и стручно мислење. Истрагата се уште трае.