Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПрскање против комарци во Охрид Дојран и Ресен овој викенд

Прскање против комарци во Охрид Дојран и Ресен овој викенд

Министерството за транспорт и врски информира дека викендов ќе се изврши авио третирање со широкопојасен инсектицид за третирање на комарци (аеросолна адултицидна дезинсекција) .

Престојното прскање на комарци ќе биде извршено во:

Општина Охрид за вкупна површина од 1500 ха – едно прскање на 11.07.2015 година

Општина Дорјан за вкупна површина од 1000 ха – едно прскање на 11.07.2015 година

Општина Ресен за вкупна површина од 1000 ха – едно прскање на 12.07.2015 година

Општина Чешиново-Облешево за вкупна површина од 900 ха – едно прскање на 12.07.2015 година.

Со дезинсекцијата ќе биде третирана вкупна површина од 4.400 хектари,  со  високо квалитетен инсектицид кој се употребува во овој период од годината.