Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПронајдено телото на исчезнатиот маж – по шестгодишното девојче се уште се трага

Пронајдено телото на исчезнатиот маж – по шестгодишното девојче се уште се трага

Безживотното тело на 61-годишниот маж кој се водеше како исчезнат во поплавата што го зафати тетовскиот регион е пронајдено, потврди синоќа тетовската полиција. Членови на неговото семејство изјавиле дека тој непосредно пред невремето заминал да ги пасе овците над Голема Речица. Со тоа бројот на загинати во невремето во тетовско изнесува пет. Се уште се трага по шестгодишно девојче од Шипковица кое се води како исчезнато.