Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСилно невреме го „погоди“ Македонски телеком, услугите вратени во нормала

Силно невреме го „погоди“ Македонски телеком, услугите вратени во нормала

Силното невреме вчера во Скопје со обилни врнежи од дожд, силен ветер и наместа град предизвика сериозни проблеми во телекомуникациите, особено со услугите на Македонски телекком за интернет и телефонија кои долг период беа во прекин поради технички проблем.

Синоќа проблемот беше отстранет и сите услуги на Македонски телеком функционираат нормално, соопшти компанијата.

Прекин на услугите имаа корисниците во централното подрачје на град Скопје, како и дел од корисниците во останатите градови во Македонија. Македонски телеком се извинува на корисниците за настанатите проблеми и благодари на разбирањето, се вели во соопштението на компанијата.