Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПронајдено мртво тело на маж во Охридско Езеро

Пронајдено мртво тело на маж во Охридско Езеро

Вчеравечер некаде во 20 часот во водите на Охридското Езеро е забележано безживотно мртво тело на машка особа.

Од СВР Охрид известуваат дека се работи за лицето Гоце И. (46) од кратовското село Живалево. Неговото тело е пронајдено од страна на спасителите на вода од Црвениот крст, на оддалеченост од 20 метри од плажата на поранешниот хотел „Парк“

По утврдената истрага констатирано е дека се работи за срцев удар.