Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПронајден автомобил во канал крај Прилеп – еден загинат

Пронајден автомобил во канал крај Прилеп – еден загинат

Вчера во 6.15 часот пријавено е дека на регионалниот пат Прилеп-Македонски Брод автомобил ауди А4, со прилепски регистарски ознаки, излетало од коловозот и застанало во канал со вода, а до него имало починато лице.

Како што информираа од полицијата од извршениот увид и извршениот разговор со сопатникот Ж.Ј. (51) од Прилеп, кој е пренесен и задржан со тешки телесни повреди во Општа болница Прилеп, утврдено е дека незгодата се случила на 29 август од 21 до 22 часот, а автомобилот го управувал сега починатиот Д.Н. (34) од Прилеп.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од полициската станица- Прилеп.