Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПривремен прекин на патот Охрид – Кичево

Привремен прекин на патот Охрид – Кичево

Се информираат граѓаните дека денеска и утре сообраќајот на патниот правец А2 Кичево – Охрид, кај месноста Лавчанско речиште, ќе биде во прекин од 16:00 до 17:00 часот, поради изведување градежни работи и минирање.

Денеска патниот правец А2 Кичево – Охрид (Пресека – Врбјане) поради изведување градежни работи сообраќајот ќе биде во прекин од 15:00 до 17:00 часот.

Инаку сообраќајот на сите патишта во Република Македонија се одвива без забрани, по наместа влажни коловози, па затоа се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.