Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПочина застреланиот кандидат за градоначаник на Кичево

Почина застреланиот кандидат за градоначаник на Кичево

Застреланиот носител на независната кандидатска листа во Кичево утрово им подлегнал на повредите, на Клиниката на интензивна нега во Скопје, јавува „Пресс24“ од извори во болницата.

Алит Абази беше застрелан во центарот на Кичево, минатата недела, кога во него пукаше 58-годишниот Абдула Абдули.

Покрај Абази, со прострелни рани се здоби и шефот на неговиот изборен штаб, Дестан Абдиу, како и случаен минувач. Престрелката се случи во центарот на Кичево во близина на полициската станица на фреквентниот булевар слобода.

58-годишниот убиец е приведен, а судија на претходна постапка веќе му одреди мерка притвор од 30 дена, па судењето ќе го чека во истражниот затвор во Шутка.