Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПриведени четири Албанки и пет Македонки осомничени за проституција

Приведени четири Албанки и пет Македонки осомничени за проституција

Девет женски лица биле приведени од угостителскиот објект „Ерди бос“ во тетовското село Желино, сопственост на Ј.Ф.(39), информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски. Четири албански и пет македонски државјанки, биле затекнати како ги забавуваат гостите при ноќешната акциска контрола на полицијата.

По контролата спроведена во периодот од 1 до 2 часот по полноќ четирите албански државјанки, на возраст од 21 до 40 години, биле приведени и задржани во СВР Тетово, а потоа биле предадени во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка. Петте македонски државјанки од Скопје и Куманово по приведувањето и кусото задржување биле пуштени.

Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на сите поединости околу престојот и ангажманот на затекнатите женски лица и нивната евентуална вклученост во проституција или други незаконски активности, посочи Јосифовски