Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАктивни два пожара во близна на Македонски Брод и Желино

Активни два пожара во близна на Македонски Брод и Желино

Околу шест хектари површина е зафатена од пожарот во атарот на с.Требовље-Македонски Брод, кој настанал завчера, а се уште не бил локализиран вчера и поради силниот ветер е активен и се шири, соопшти МВР.

– Од пожарот се зафатени околу пет до шест хектари приватен и државен имот. Од страна на екипи од ШС-Сандански, Македонски Брод, Противпожарна единица и два авиона ангажирани преку Дирекција за заштита и спасување и Општина Македонски Брод, се преземаат мерки за гаснење на пожарот, се наведува во Билтенот од МВР.

Се уште бил активен и пожарот над браната „Козјак“, кој заради силниот ветер, се шири и има можност да го зафати селото Луковица-Општина Желино. Се преземаат мерки за негово гаснење.