Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗаврши распитот на приведените – и Бетмен Велит оди притвор

Заврши распитот на приведените – и Бетмен Велит оди притвор

Во Кривичниот суд во Скопје заврши распитот на приведените кои Основното јавно обвинителство ги гони за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата, а во врска со насилствата во Собранието на 27 април годинава.

Од Судот посочиле дека решенијата за сите приведени се подготвуваат и оти се очекува да бидат објавени во текот на денот.

Инаку, синоќа им е одредена мерка притвор во траење од 30 дена на пет лица меѓу кои на поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков и на оперскиот пејач Игор Дурловски, кој беше дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, а на две лица им е одредена мерка куќен притвор.

И Богдан Илиевски добил 30 дена притвор, додека Борис Дамовски заврши во домашен притвор. Информацијата се уште нема официјална потврда.
Покрај него, во притвор, според официјално потврдени и

нформации се уште 5 лица, а двајца добиле куќен притвор. Неофцијалните информации велат дека најголемиот дел од останатите кои вчера беа приведени добиле притвор.

Се очекува во текот на денот да бидат соопштени сите одлуки.