Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВМРО-ДПМНЕ викаше секој да одговара па сега бара да не се приведувале насилниците

ВМРО-ДПМНЕ викаше секој да одговара па сега бара да не се приведувале насилниците

ВМРО-ДПМНЕ излезе со уште еден контроверзен став кој треба сериозно да ја загрижи македонската јавност, но сосема јасно е кон кого и зошто е наменет. По нападите во Собранието ВМРО-ДПМНЕ божем ги осиуди насилствата и порача дека секој треба да одговара, за сега без никакви докази да повикува да не се приведувале „невини“ лица.

– Во текот на вчерашниот ден до партијата допреа информации дека приведени се многу луѓе кои не сториле никакво насилство или кривично дело, а полицијата ги привела, држела со часови во полициска станица, а дел од нив добиле и притвор без елементарен доказ дека сториле кривично дело или насилство.

Треба да се разграничи неколкучасовно влегување на граѓани во парламентот, во народниот парламент, заради насобран револт и гнев од предавничките, антидржавни и кукавички политики на СДС, од нанесувањето тешки телесни повреди.

МВР и обвинителството треба да се свесни дека за да некого приведат или изнесат пред суд, треба да имаат цврсти докази за сторено кривично дело.

Исто така ОЈО и судовите не смеат да имаат различни аршини за овие настани од настаните при насилствата врз полицијата направени од шарените платени протестанти минатата година, кои за пари протестираа и вршеа насилство врз македонските полицајци.

Од нашите информации дознаваме дека некои лица добиле и притвори заради вербални деликти, а без извршено физичко насилство.

Оттука, апелираме до судот да внимаваат при носењето на одлуките, и да се држат исклучиво до фактите и доказите, а да не ги понесува партиската наклонетост кон едни или кон други.

Потсетуваме дека предизвикувач на овој народен бунт е токму СДС која не само што 60 дена ги игнорираше граѓаните кои масовно, упорно, мирно и демократски протестираа, туку и континуирано ги провоцираа со навреди, погрдни зборови, омаловажувања и конечно со незаконскиот и противиставен обид за избор на претседател на парламентот.

ВМРО-ДПМНЕ континуирано јавно предупредуваше на ризиците од ваквиот однос на СДС и изборната измама со постизборнито носење на Тиранската Платформа како основа на новата коалиција.

Го предупредуваме и министерот во МВР, Нухиу да не врши притисок на вработените во министерството по секоја цена да апсат што повеќе луѓе без основ (со цел да добие политички поени во неговата партија и електорат). Само еден невин уапсен е голем преседан за кој ќе се бара одговорност, доколку се докаже дека бил приведен без основ и докази“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.