Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПрибе во Охрид им одржа предавање на младите правници

Прибе во Охрид им одржа предавање на младите правници

Германскиот експерт Рајнхард Прибе одржа предавање пред учесниците на еднонеделната Школа на природно право што во организација на Македонската академија на науки и уметности и на Амбасадата на САД во Македонија се одржува во Охрид, пренесува „Макфакс“.

Тој пред дваесет и петте магистранти и петте докторанти на правни и политички студии одржа предавање на тема „Демократијата, владеењето на правото и човековите слободи – Важноста на демократските вредности за државите кандидатки за членство во ЕУ“.

„Задоволство ми е што сум тука, во Охрид, да учествувам на Школата за природно право и можноста да им пренесам на младите правници за европските интеграциски процеси и европските вредности што се предуслов за зачленување. Очекувам отворена дискусија со нив, се надевам дека ќе успеам на научна основа да им пренесам што значат европските интеграции“- рече Прибе.

Според најавите, Прибе во наредните денови треба да дојде во Скопје на средби со владини претставници за Итните реформски приоритети, како и за акцискиот план на Владата за нивно спроведување.