Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАрнаудовска: Советот за реформи во правосудството работи нетранспарентно

Арнаудовска: Советот за реформи во правосудството работи нетранспарентно

Советот за реформи во правосудството работи многу нетранспарентно. Во Нацрт стратегијата за реформи во судството воопшто не бевме вклучени како Академија и покрај пораките дека новата Влада ќе биде транспарентна, изјави денеска директорката на Академијата за судии и јавни обвинители Анета Арнаудовска.

Во изјавата за медиумите што ја даде пред почетокот на Меѓународната работилница за стандардите на ЕУ за обука на судии и обвинители посочи дека во Нацрт стратегијата беше предвидено дека одреден процент од судиите ќе бидат избрани со незавршена Академија што, како што рече, не беше прифатено во извештајот на Прибе од 14 септември годинава кога новата Стратегија беше донесена.