Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПревозниците од Гевгелија со блокада на границата

Превозниците од Гевгелија со блокада на границата

Гевгелиските таксисти и приватни превозници од регионот не се откажуваат од барањата тие да ги пренесуваат мигрантите до Табановце и не се задоволни од ангажираноста на возовите на Македонски железници кои им го „јадат“ целиот профит. Затоа повторно излегоа на протести, овој пат со блокирање на граничниот премин Богодородица при излезот за Грција. Протестите продолжуваат и преку границата каде грчките зејмоделци исто така не се откажуваат од своите барања и веќе цела недела вршат блокади на царинските терминали и граничните премини, со што ден сообраќајот на автопатот Скопје-Солун ќе биде премногу отежнат.