Saturday, May 18, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалПремиер лига: Кој е играч на сезоната?

Премиер лига: Кој е играч на сезоната?

Тројца фудбалери на Лестер, односно тројца играчи од тимови од Лондон, се наоѓаат во подолгата конкуренција за најдобар играч во Премиер лигата за оваа сезона. Лидерот на табелата Лестер Сити го претставуваат вториот стрелец на првенството Џејми Варди, вториот асистент Ријад Махрез и фантастичниот везист Нголо Канте.

Честа на остатокот од „Лондонската школа“ ја бранат најдобриот стрелец во лигата Хари Кејн од Тотенхем, најдобриот асистент Месут Озил од Арсенал, односно Димитри Паје од Вест Хем. Кејн исто така е и во конкуренција за најдобар млад играч оваа сезона во конкуренција со својот соиграч Деле Али, тандемот од Евертон Рос Баркли и Ромелу Лукаку, Филипе Кутињо од Ливерпул и голманот на Стоук Џек Батланд.