Thursday, Apr 18, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалБрајтон го донесе првото засилување за Премиер Лигата!

Брајтон го донесе првото засилување за Премиер Лигата!

Брајтон новиот клуб во Премиер Лигата, го објави првиот транфер за следната сезона, договорен е играчот Паскал Грос, 25-годишниот играч од средниот ред на Инголштад, кој оваа сезона создаде 95 шанси за гол на своите соиграчи, што е повеќе од било кој друг играч во Бундеслигата.
skysports-pascal-gross-brighton-ingolstadt_3957817

 

Овој играч потпиша четиригодишен договор со клубот, трансферот ќе биде официјално објавен на 10 јуни, кога почнува трансфер преодниот рок.

“Ние сме среќни што Паскал се согласи да потпише за нас, иако имаше интерес за него од други клубови во Премиер Лигата и низ цела Европа, јас сум среќен што можам да м посакам добредојде во клубот. Тој е тип на играч во средниот ред, како што немаме во тимот, игра зад напаѓачите и е одличен во офанзивниот дел, а тоа ќе ни донесе нови опции во играта на нашиот тим”, изјави менаџерот Крис Хаугтон.