Saturday, Apr 20, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалВиера се враќа во Премиер Лигата!?

Виера се враќа во Премиер Лигата!?

Како што пренесуваат англиските медиуми, Патрик Виера би можел во скоро време да се пресели повторно во Премиер Лигата. За неговите услуги е заинтересиран Саутемптон, кој неодамна му се заблагодари на Клод Пуел и остана без тренер иако овој тренер имаше доста солидна сезона.

Виера тренерска работа почна да ја учи во Манчестер Сити, каде по завршувањето на неговара играчка кариера ги презеде младите категории на Манчестер Сити. Во моментов, тој е тренер во американската МЛС лига на екипата на Њујорк Сити која е “филијала“ на Манчестер Сити, каде првата сезона ги однесе во плејофот.

Добрите резултати во Њујорк го препорачаа на неколку клубови од Премиер лигата, а некогаш се сметаше и за главен кандидат да го презеде клубот од Сандерленд по оставкатана Дејвид Мојс.

Доколку “светците“ не успеат да го ангажираат Виера имат алтернатива во поранешниот тренер на Депортиво Алавес, Маурисио Пелегрино.