Saturday, Apr 27, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалЏермејн Дефо има нов клуб во Премиер Лигата!

Џермејн Дефо има нов клуб во Премиер Лигата!

Напаѓачот Џермејн Дефо се согласи по испаѓањето на неговиот тим од Премиер лигата Сандерленд, да се пресели во редовите на Борнмаут за неделна плата од 130 000 фунти. Договорот ќе биде потпишан на три години. Тој во Борнмаут ќе пристигне како слободен играч, бидејќи на крајот од сезоната му завршува договорот со Сандерленд.

Ако остане до крајот на договорот во клубот, играчот ќе наполни 37 години, минатата сезона беше најдобар стрелец на Сандерленд, со 15 гола и 2 асистенции. Во својата кариера играше за Вест Хем, Борнмаут, Тотенхем, Портсмут и Торонто.

Одличните натпревари оваа година го препорачаа и на селекторот на Англија кој го повика за претстојните репрезентативни натпревари, иако овој играч има веќе 34 години. За репрезентацијата играше 56 пати и постигна 20 гола.