Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПрекин на сообраќајот кај Извор поради минирање

Прекин на сообраќајот кај Извор поради минирање

За сите оние кои патувајќи ќе поминуваат по патот А2 Кичево – Охрид кај Извор, сообраќајот ќе биде во прекин 15 до 20 минути во период помеѓу 15:00 до 17:00 часот поради изведување на работи на пат, одосно минирање.

Според АМСМ, сообраќајот на сите државни патишта се одвива по претежно влажни коловози и поради тоа се препорачува нимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.