Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаПрегазено 8-годишно дете кај Радовиш – се бори за живот

Прегазено 8-годишно дете кај Радовиш – се бори за живот

Вчера на регионалниот пат P-29471, во с.Подареш-Радовиш, во 11:45 часот, се случила сообраќајна несреќа во која В.Н. (1988) од с.Подареш, управувајќи патничко моторно возило „Форд Галакси“ со времени регистарски ознаки, удрил во велосипед „Хамер макс“ управуван од дете на возраст од 8 години од с.Подареш.

Во незгодата детето добило тешки телесни повреди (фрактура на череп, крвавење од десно уво и повреда на десно белодробно крило) и по укажаната лекарска помош е пренесено и задржано на лекување во Ургентниот центар-Скопје.

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од полициската станица – Радовиш.