Saturday, Apr 20, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈКошаркаПредраг Самарџиски и следната сезона во Мега!

Предраг Самарџиски и следната сезона во Мега!

Искусниот Македонски центар Предраг Самарџиски ќе настапи и следната сезона за Мега, тој го продолжи својот договор на уште една година со српскиот тим.

31-годишниот центар во Мега се врати кон крајот на јануари оваа година. Поради повредата на коленото го пропушти поголемиот дел од сезоната во Јадранската лига, но на теренот се врати на самиот крај од шампионатот.

Самарџиски има настапувано за екипите на Партизан, ФМП, па потоа се пресели во турскиот Ескишехир па замина во Литванија за екипата на Лијетувос Ритас, за во 2013 година повторно да се врати во АБА лигата во екипата на Црвена Звезда. Тој одигра и една сезона во македонскиот шампион МЗТ Скопје.

Самарџиски во претходната сезона за Мега Лекс во просек поминуваше на терен по 12,9 минути и забележуваше 4.1 поени и 3.2 скока.