Thursday, Apr 25, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈКошаркаКопер доби голем тренер

Копер доби голем тренер

Искусниот ракометен експерт, Веселин Вујовиќ, во наредниот период ќе ја предводи од клупата словенечкиот тим, Копер.

Договорена е соработка од две години со можност од предвремено раскинување на договорот доколку Вујовиќ добие подобра понуда. 56-годишниот стратег е и актуелен тренер на Словенската репрезентација.

“Јас имав контакти со Кил и Фленсбург, како и некои од помалите тимови од Полска, Романија и Украина. После тоа, бев контактиран од страна на луѓе од Копер и јас се согласив да соработуваме, главно поради тоа што оваа екипа има шест млади претставници кои настапуваат за Словенија. Финансискиот аспект не беше одлучувачки, но јас едноставно не можам да издржам долго време без секојдневно бавење со ракомет “, изјави црногорскиот тренер.